«

»

Jul 15 2014

Сочуван пергамент потврдува дека ресенско семејство досега до свитата на Цар Самоил

Архиви, музеи, албуми, автобиографии, тапии, скици со стебла на имиња и роднински врски – сите тие се извор за истражување за стотината најголеми и најпознати македонски семејства. Кои се, каде живееле, како се формирале, што работеле, каде се движеле и од кога има податоци за најафирмираните лози, одговара Виолета Ѓорѓеска од Музеј на Македонија.

„Ги испитувавме податоците за значајните луѓе кои го карактеризираат секое семејно стебло, длабоките корени низ кои се разграниле, навиките и традициите што се продолжувале од колено на колено. Тоа се пред се’ градски семејства, низ чии лични архиви добивавме информации како го создавале богатството, за што го трошеле, какви занимања одбирале и како се адаптирале низ вековите на разните властодршци“. Собрана е документација што дава подлога за историска, економска, образовна и културолошка сторија за одделни градови и цели региони.

Resen_old

Белези на минатото од важност за иднината

Идејата за истражување на семејните стебла на македонските простори овозможи и нивна јавна промоција преку фотографии и скици за роднинската поврзаност, но уште повеќе за одржливоста на поколенијата од иста крв.

„Во некои семејни стебла одевме и по машка и по мајчината страна, како тие се помешале и се вкрстувале во бракови, каде учеле и се движеле, што оставиле во своите архиви. Тоа е драгоцен податок за историјата на градот или за цела Македонија“, вели Ѓорѓеска.

Интересна е судбината на 150 членови од семејството Коку од Јанина, кое бегајќи од поробувачите, се населиле во Србија. „Судбината и прогоните ги терале и често да ги менуваат презимињата, со различни додавки – „иќ“, „ов“, „ски“. Дојдовме до податок дека целиот пород на влашкото семејство Коку, кога се доселиле од Грција во Србија, се прекрстил во Поповиќ. Тоа го правеле за да се обезбеди мирот и сигурноста на членовите, нивната привидна инеграција, се’ со цел да се сочува богатството и да се управува со него“, вели Виолета Ѓорѓоска, еден од авторите на овој интересен проект за роднокрајската историја и испреплетеноста на настани и личности.

Трагата до царот Самоил

Ѓорѓоска многу внимателно говори за документот, со кој едно ресенско семејство докажува дека роднинските корени допираат до кланот на цар Самоил.

„На нашиот тим му е покажан документ испишан на пергамент, со кој се потврдува дека тоа семејно стебло има корени со милениум наназад, во луѓе од најблиската свита на цар Самоил. Домаќинките од бројните генерации биле задожени да го чуваат во своите фути, по секоја цена“.

Samoil rekonstrukcija1

Засилен интерес за корените

Повеќе јавни личности, меѓу кои и се’ поголем број од помладите генерации, се обидуваат преку компјутерска анимација да си ги регистрираат семејните стебла, кои подеднакво гранат по таткова, како и по мајчина страна. „Добивме информации што создале, дали го продолжиле семејниот бизнис или каде и како се образувале. Главно тоа го правеле во европските метрополи и по правило најмалку еден член од семејството бил издвоен за студирање на некоја угледна професија, од лекари, до правници и учители. Некои од побогатите лози издвојувале парични средства во време на Отоманското царство за да го искупат правото на отворање на училишта на мајчиниот јазик или за изградба на православни храмови“, вели Виолета Ѓорѓеска од Музејот на Македонија.

Речиси и нема град во Македонија што не си ги знае таканаречените угледни семејства и нивните наследници. На пример, во Охрид тоа се Робеви, Шапкареви, Груеви, во Битола- Кампаре, Хаџилега, во крушевско-Дика, Букле, во дебарско-Крлиу, штипско- Чепреганови, Влашки, Балабанјан, велешко-Киркови, Хаџимишеви, Органџиеви, галичките семејства на Зографски, Фрчкоски, Филиповци, скопските-Рубин, Аницин, Настеви, Османли, Милачиќ, Ераковиќ…

Текстот е оригинално објавен на 24.07.2011 година од страна на Deutsche Welle.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>