«

»

Jul 04 2014

Студенти-археолози трагаат по пајонски населби кај Берово

Во археолошките локалитети Грамадје кај село Владимирово, Попов Рид кај Берово и во атарот на селото Робово, студентите по археологија на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ заедно со своите професори вршат сондажни истражувања.

археолошка-изложба-26

Студентите истражувачи на античките населби во Малешевијата трагаат по пајонски утврдувања, населби и некрополи на неколку локалитети по должината на реката Брегалница. Пронајдениот движен материјал во вид на камени тегови за разбој и разните видови керамика се сведоштво за животот на Пајонците во Малешевијата.

– За студентите по археологија ова истражување, кое го раководи нивниот професор Нацев, е идеална можност да ја поврзат теоријата со практиката – вели Жаклина Кушевска, историчар и археолог.

Проектот за истражување на пајонското минато во Малешевијата финансиски е поддржан од Министерството за култура. Се очекува со археолошките истражувања да се продолжи и на неколку локалитети во соседната област Пијанец, на територијата на општината Делчево и во поширокиот брегалнички регион.

Текстот е превземен од Телеграф.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>