«

»

Jun 09 2015

Театарот во Скупи е комплетно истражен и подготвен за наредната фаза на конзервација и реконструкција

Во Скупи, најголемиот антички град на територијата на Република Македонија, продолжуваат работните средби помеѓу стручниот археолошки тим составен од претставници на Музејот на град Скопје (Ленче Јованова, д-р Марина Ончевска Тодоровска) и Филозофскиот факултет во Скопје (д-р Антонио Јакимовски, главен раководител на археолошките истражувања), Конзерваторскиот центар Скопје (директор Ема Петрова), Министерството за култура на Република Македонија (Диме Маџовски, советник за недвижно културно наследство) и Управата за заштита на културното наследство (д-р Виктор Лилчиќ Адамс, директор и Дончо Наумовски, соработник за интегрирана заштита на културното наследство), при што е утврдено дека театарот во Скупи е комплетно истражен и подготвен за наредната фаза на конзервација, реконструкција и реставрација. До крајот на оваа година се очекува да се заврши конзервацијата на сценската зграда и да се изработи проектот за реконструкција на гледалиштето, чија конзервација ќе се заврши во 2016-та кога театарот ќе биде ставен во јавна функција.

teatarot vo skupi kopletno istrazen 1212

Д-р Антонио Јакимовски, Д-р Виктор Лилчиќ Адамс, Цоне Крстевски и Диме Маџовски

Откриените движни наоди, меѓу кои доминира фрагментираната грнчарија, но и предмети од стакло, метал, коска, камен, монети (околу 3000), архитектонска камена пластика со широк хронолошки распон од рамскиот империјален период до раносредновековниот период му дава дополнителна монументалност на целиот простор, ќе бидат јавно презентирани до крајот на 2015 година.

Извор: Управа за заштита на културното наследство

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>