«

»

Jul 16 2015

“Тука сме!”

Во последно време, Плутон како да го разбуди астрономскиот интерес кај јавноста, па еве еден текст и за тие кои истовремено ја сакаат и историјата… не, не се работи за вонземјани кои дошле да ни ги изградат пирамидите и да ни покажат како се одгледува жито, ама донекаде и вонземјаните се вклучени во приказната. 🙂 🙂

Не се работи за нешто пред 4000 години, туку за нешто пред 40-тина години. Се работи за вселенските сонди Пионир и Војаџер, на кои, покрај научните инструменти, НАСА поставила плакети и дискови на кои биле прикажани информации за Земјата и нејзината позиција во вселената, за евентуално ако некој вонземјанин налета на сондата да знае дека сме тука. 🙂

Pioneer plaque 11

Плакетата поставена на Пионир 10

Една позлатена алуминиумска плакета на која е прикажана релативната позиција на Сонцето во галаксијата врз основа на одалеченоста од 14 различни пулсари, позицијата на Земјата во рамките на Сончевиот Систем, шематски приказ на атом на водород (најзастапениот хемиски елемент во вселената), како и фигури на маж и жена, била поставена на сондите Пионир 10 и Пионир 11. Сондата Пионир 10, лансирана на 3 март 1972 имала за цел да ја истражува околината на планетата Јупитер, а Пионир 11, лансирана на 6 април 1973, да ја истражува околината на Сатурн.

Pioneer_plaque

Содржината на плакетата поставена на сондите Пионир

На сондите Војаџер 1 и 2, лансирани летото 1977, била поставена златна грамофонска плоча на која биле снимени звуци и слики од Земјата, вклучувајќи и поздрави на 55 јазици (вклучувајќи и 5 древни јазици како Сумерски, Акадски, Хетитски, Антички Грчки и Латински) и музика, од 5-та симфонија на Бетовен до ‘Johnny B Goode’ од Чак Бери.

The_Sounds_of_Earth_-_Voyager probe

Плочата поставена на Војаџер 1 и 2

Можеби некогаш некој и ќе ги најде, ако не вонземјанин, некоја идна човечка експедиција, некој иден колекционер на аниквитети (vinyl колекционер) ќе сака да ја има “Звуците на Земјата” ! 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>