«

»

Apr 21 2015

Утре во Штип професорката Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга “Религијата на античките Македонци”

Утре, среда 22 Април, со почеток во 13 часот, во свечената сала при Факултетот за образовни науки во Штип, меѓународно признатата професорка д-р Наде Проева ќе одржи промоција на својата нова книга која ја обработува религијата на античките Македонци.

nade proeva

Проф. Д-р Наде Проева

Следниот ден (четврток, 23 април), професорката ќе одржи и трибина на тема Идентитетот и етничноста низ историјата“ (како општ наслов за едицијата),  конкретно „Идентитетот и етничноста во антиката“. Трибината ќе започне во 11 часот во свечената сала на Правниот факултет во Штип. Организатори на оваа трибина се Институтот за историја и археологија при Факултетот за образовни науки и Центарот за правно-политички истражувања при Правниот факултет на Универзитетот ‘Гоце Делчев’.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>