«

»

May 05 2014

Веста за пронаоѓањето на гробот на Александар Македонски – желба за сензационалност или…?

Пред неколку дена, поточно на 29 Април 2014 година, беше објавена сензационалната вест за можното откритие на гробот на Александар Македонски во Египет на интернет порталот World News Daily Report. Веста дека можеби е пронајден гробот на најголемиот војсководец во историјата брзо се прошири на социјалните медиуми благодарение на неколку популарни facebook-страници кои третираат теми од историјата и археологијата. Потоа, веста беше споделена и од страна на една угледна македонска facebook-страна посветена на археологијата, по што информацијата беше превземена и од низа на македонски интернет портали, како и од еден дневен весник.

aleksandar grob lazna vest

Но, оваа вест се покажа како измислена, нешто што и можеше да се очекува од портал кој самиот за себе има наведено дека претставува сатиричен портал на кој се објавуваат вести базирани врз фикција, портал на кој се среќаваат и статии како: “Луксембург се заканува со воена акција против Америка”, “Поранешниот папа предупредува на Ватиканска вонземска агенда”, “Националната Агенција за Безбедност на Америка користи плишани играчки за шпионирање” и сл.

world news daily report disclaimer

World News Daily Report за себе

Но, ова не е прв пат овој портал да предизвика еуфорија помеѓу археолозите со своите сензационални “вести”. Имено, пред околу еден месец беше објавена и информацијата за пронаоѓањето на гробот на Атила Хунот, која истотака без претходна проверка на изворот беше проширена низ јавноста.

На крајот од се’, се поставува прашањето зошто медиумите објавиле вест без притоа да го следат научниот пристап на скептичност кон одредена информација и да го проверат нејзиниот извор – дали поради преголемата желба за сензационализам или поради својата непрофесионалност?

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>