«

»

Dec 26 2013

Репортажа: Виена? Париз? Берлин? Не, тоа е Ресен !

Репортажата беше направена на 14.12.2013 година.

Прекрасно саботно утро во Ресен и градот е во движење. Дел од луѓето стануваат порано за да ги завршат своите домаќински обврски (сабота е пазарен ден во Ресен), другите пак, кои можат да си дозволат малку повеќе сон, тоа и го прават. Некаде пред пладне, на сите нив патиштата им се вкрстуваат во ресенската чаршија каде низ кафе-муабет се обидуваат да го искористат максимумот од топлите сончеви зраци во овој ладен декември. Животно битисување кое во Ресен не се променило повеќе од сто години, а целиот овој чаршиски амбиент совршено се комплементира со исто толку старите архитектонски градби.

Овие градби, со сите свои тераси, столбови, пиластери и фризови го материјализираат духот на Ресен, духот на градот кој од голем број на патеписци е опишан како еден од најбогатите во Македонија, град од каде што произлегле голем број на лекари, трговци, генерали и државници кои својата моќ и богатство ја покажувале преку овие градби, имитирајќи ги куќите и палатите во големите европски градови како Виена, Берлин, Париз… Но, за жал, голем дел од овие градби се оставени сами на себе и пополека ги нагризува забот на времето. Сепак, да се надеваме дека ова културно богатство ќе биде заштитено и уште долги години ќе го чува духот на градот, потсетувајќи на голем број личности, настани, љубови… кои треба да се надополнуваат со доживувањата на идните генерации.

Но, да се вратиме на она прекрасно саботно утро од почетокот на овој текст кое ме поттикна да ја направам оваа репортажа. 🙂

Почетна точка ми беше горната маала каде што се наоѓа старата ресенска гимназија и уште неколку куќи кои се вбројуваат меѓу најстарите во Ресен.

IMG_20131214_104858

Старата ресенска гимназија

IMG_20131214_105205

IMG_20131214_105523

Градба од отоманскиот период…

IMG_20131214_105744

…со отоманскиот симбол.

IMG_20131214_110420

Куќата на Пандуле саатчијата

resen arhitektura 11111

Потоа, продолжив низ една тесна уличка….

IMG_20131214_115727 resen arhitektura 111 IMG_20131214_115528

Следуваше чаршијата, онаму каде што бил (а и сеуште е) центарот на случувањата за голем број на ресенчани, “базата” на трговците и занаетчиите, угостителите и кафанџиите, политичарите, интелектуалците и боемите.IMG_20131214_115413IMG_20131214_113410

IMG_20131214_113525

Куќата на Попгошевци

IMG_20131214_113543

IMG_20131214_113703

Куќата на Симјановци

IMG_20131214_113916 IMG_20131214_113820 IMG_20131214_113927 resen arhitektura 11111111 IMG_20131214_114123 IMG_20131214_114444 IMG_20131214_114143 IMG_20131214_114201

Следна дестинација е главната “артерија” на Ресен, денешната улица “29 Ноември” низ која во минатото минувале цареви, војски и претседатели, улица на која се наоѓаат(ле) и куќите на најбогатите ресенски фамилии…IMG_20131214_112802IMG_20131214_111515

IMG_20131214_110923

Куќата на Стрезовци

IMG_20131214_111056

Куќата на Стрезовци од друг агол

IMG_20131214_111230IMG_20131214_111247

IMG_20131214_111308IMG_20131214_111138

IMG_20131214_112904 IMG_20131214_113005 IMG_20131214_113058 IMG_20131214_122018

IMG_20131214_111739

Куќата на Нијази-Бег

А, за крај “големото финале”, најпознатиот и најрепрезентативен објект во Ресен и едно од најубавите неокласицистички зданија во Македонија – Сарајот на Нијази Бег, граден во периодот од 1904 до 1912 година. Сарајот е висок 25 метри и има 4800 квадратни метри внатрешен простор.

IMG_20131214_111922 IMG_20131214_112015

За темелите на оваа градба биле ползувани дабови греди од Пречна Планина што жителите на село Коњско со чунови ги носеле до Сирхан, а мермерот што е вграден во Сарајот е носен од локалитетот Плочине кај село Болно.

IMG_20131214_112525 IMG_20131214_112253

Фасадите посебно се расчленети по хоризонтала со венци и фризови, редоследно обработени, а по вертикала со пиластери кои завршуваат со капители. Изработувајќи ги орнаментите на северната фасада, мајсторите-христијани оформиле крст, како знак на непокор од Отоманците.IMG_20131214_112105IMG_20131214_112043

IMG_20131214_112548

Крстот впишан од страна на мајсторите-христијани на северната фасада од Сарајот

Кога патот ќе Ве донесе во Ресен, одделете дел од своето време да ги погледнeте овие градби, да го почуствувате духот на Ресен, а зошто да не го надополните и со своите доживувања. 🙂 Што се однесува до моите сограѓани, се надевам дека сите заедно ќе успееме да го заштитиме нашето архитектонско богатство и да ги одржиме сеќавањата кое тоа со себе ги носи, да потсетиме дека Ресен не е само град на јаболкото, тој е и град на интелегенцијата, на мајсторите на своите занаети, инжинери, професори, лекари, адвокати, економисти, научни и културни дејци, спортисти…

Поздрав и пријатен ден !

Целосниот албум со слики можете да го погледнете на следниот линк.

Автор: Игор Ефтимовски

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

4 comments

Skip to comment form

  1. Бојана Данева

    Одлична репортажа, никогаш не сум била во Ресен, баш би сакала да се прошетам натаму.

  2. nevenka

    ubavini,
    nemam zborovi za starat gradska arhitektura , koja najmnogu ja sakam

  3. Игор

    @Бојана Епа повели некој викенд, Преспа изобилува со културно-историски споменици и природни убавини. 🙂

    @nevenka Мило ми е што Ви се допаѓа ресенската староградска архитектура !

  4. Наум

    Се восхитувам на прекрасните снимки од минатото на Ресен, посебно Сарајот и кѕќата на Нијази бег

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>