«

»

Dec 02 2014

Викендов ќе се одржи 23-от симпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво

Овој викенд (5-7 декември) во Виница ќе се одржи XXIII Сумпозиум на Македонското Археолошко Научно Друштво – МАНД. На симпозиумот ќе бидат претставени научни трудови кои ги обработуваат најновите сознанија од последните археолошки истражувања во Република Македонија.

Научните трудови ќе бидат обработени во шест сесии со следната програма:

ПЕТОК (05.12.2014):

Сесија 1        Модератор: д-р Славица Бабамова

14:00-14:15   доц. д-р Антонио Јакимовски, Магдалeна Манаскова  – Прилог кон датирањето на Виничките Икони
14:15-14:30   Јулијана Иванова, Благица Стојанова – Тумул III – Коколов Рид, с. Виничка Кршла
14:30-14:45   проф. д-р Борис Кавур – Сонце и железo
14:45-15:00   д-р Мартина Блечиќ  Кавур – Од иконографијата на железнодобниот “Бестиариј” Балкан: Лав
15:00-15:15   проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс – Обид за реконструкција на патот на Александар Македонски, 335 гпне низ Република Македонија
15:15-15:30   Јовица Станковски, д-р Олгица Кузмановска – Стара опсерваторија Кокино: Врската помеѓу астрономските и обредната платформа
15:30-15:45   Филип Михаилов – Excavations of necropolis from first millennia BC near the village of Delyan – region of Dupnica, Bulgaria
15:45-16:00   доц. д-р Антонио Јакимовски, доц. д-р Бошко Ангеловски  – Дрма-Бадер, истражувања 2014 година
16:00-16:15   проф. д-р Драги Митревски – Пајонска владетлска палата од Вилазора
16:15-16:30   проф. д-р Марјан Јованов – Пајонскиот град на лок. Градиште, с. Младо Нагоричино

Сесија 2        Модератор: проф. д-р Марјан Јованов

17:00-17:15   проф. д-р Никос Чаусидис – Пиксиди или афионови чушки –  нови сознанија околу генезата и значењето на железнодобните минијатурни садчиња со птичји протоми
17:15-17:30   м-р Гоце Наумов – Геофизичко скенирање на неолитски тумби во Пелагонија
17:30-17:45   доц. д-р Антонио Јакимовски – Антички театар Скупи 2013-2014
17:45-18:00   м-р Лилјана Шаламанов Коробар – Палеолитски истражувања од 2010 до 2013 на локалитетот Голема Пешт, Здуње и лабораториска аназлиза на вулканска пепел
18:00-18:15   м-р Марина Спирова – Културните интеракции на заедниците по долината на Брегалница во раниот енеолит
18:15-18:30   м-р Александра Папазовска – Архитектонски остатоци на објекти од раната антика и раното железно време на локалитетот Градиште, Пелинце
18:30-18:45   д-р Марина Ончевска Тодоровска – Примената на т.н. римски бетон во градежништвото во Скупи
18:45-19:00   Ленче Јованова – Александролатријата во Скупи (римски империјален период)
19:00-20:30   Дискусија

САБОТА (06.12.2014)

Сесија 3        Модератор: Ленче Јованова

09:00-09:15   м-р Оливер Бојаџиев – Раноантичка керамика од Скопско Кале
09:15-09:30   Александар Мургоски – Редуцирани оранти од Пелагонија
09:30-09:45   Дејан Ѓорѓиевски, Мирослав Петковски – Прелиминарни резултати од истражувањата на лок. Црквиште, с. Клечовце
09:45-10:00   м-р Киро Ристов – Стаклена пломба од Маркови Кули, Скопје
10:00-10:15   Михаил Стојаноски, м-р Александра Папазовска – Тумуларни некрополи во источна Македонија
10:15-10:30   д-р Славица Бабамова – Епиграфски истражувања во источна Македонија
10:30-10:45   Душко Темелкоски – Новооткриени објекти во Стибера
10:45-11:00   Цоне Крстевски, м-р Милан Митовски, Петар Стојчевски – Резултати од заштитните археолошки истражувања на Градиште с. Градец, Крива Паланка

Сесија 4        Модератор: проф. д-р Никос Чаусидис

12:00-12:15   проф. д-р Митја Гуштин – Келтите на Охридското езеро
12:15-12:30   д-р Бранислав Ристески – Св. Преображение с. Зрзе, средновековна монашка населба, средишен сегмент
12:30-12:45   м-р Елена Канзурова Стојанова, д-р Драгиша Здравковски – Неолитската населба Велушка тумба, с. Породин – Археолошки истражувања во 2013 година
12:45-13:00   Митко Штерјов – Извештај од истражувањата од археолошкиот локалитет Тополничка Река, с. Дамјан
13:00-13:15   Никола Паскали – Подводни археолошки истражувања на локалитетот Врбник 2014та
13:15-13:30   м-р Силвана Блажевска, Димитар Николовски – Истражувања на Западната некропола Стоби 2013-2014
13:30-13:45   м-р Гоце Павловски – Истражувања на театарот во Стоби 2013-2014
13:45-14:00   м-р Златко Кованцалиев – Коскени предмети за ткаење од Стоби
14:00-14:15   м-р Ванчо Милошевски, Горан Лилчиќ, Злата Блажевска – Преглед на нумизматичкиот материјал од ископувањата на театарот на Скупи 2013-2014
14:15-14:30   м-р Гоце Наумов, доц. д-р Аленка Томаж – Археолошко истражување на неолитската тумба во Могила
14:30-14:45   м-р Христијан Талевски – Резултати од истражувањето на триаголната кула со бастион на локалитетот Маркови Кули, Скопје
14:45-15:00   Игор Кузманоски – Употреба на луцерните во погребниот обред кај гробовите со инхумација од источната некропола во Скупи

Сесија 5        Модератор: м-р Гоце Павловски

15:30-15:45   проф. д-р Снежана Филипова – Осврт врз декорацијата на најновите наоди на ранохристијански луцерни во Р. Македонија – компаративна анализа
15:45-16:00   Алекандар Миткоски – Тумулот I од локалитот Сламите, с. Вепрчани, Мариово
16:00-16:15   Злата Блажевска, Јасемин Назим – Анализа и реконструкција на отисоците од текстил и рогозина од неолитската населба Врбјанска Чука, с. Славеј, Прилеп
16:15-16:30   Илинка Атанасова – Култиниот простор и предметите со култен карактер од енеолитските наоѓалишта во Р. Македонија
16:30-16:45   м-р Дејан Кебакоски – Резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Висока, с. Крушевица, истражувања 2014 година
16:45-17:00   Ирена Настева Колиштрковска – Принесување прилози и дарови на енеолитското светилиште на лок. Св. Атанасиј, с. Спанчево
17:00-17:15  м-р Зоран Рујак, Емил Сламков – Езерска наколна населба од доцно бронзено и преодниот период на локалитетот Мрдаја, Стар Дојран
17:15-17:30   Дејан Ѓорѓиевски – Нови податоци за амулетите “коњ со маска – јавач” и нивните врски со раносредновековните балкански култури

Сесија 6        Модератор: Ирена Настева Колиштрковска

18:00-18:15   м-р Орданче Петров – Проектил од каменофрлачка постројка од археолошкиот локалитет Бедем, с.Чепигово (Стибера)
18:15-18:30   Игор Толевски – Неолитска населба кај село Сопот, Велешко
18:30-18:45   Иван Станчевски – Доцноримски остатоци врз централниот подземен влез – излез во античкиот театар во Скупи, ископувања 2014
18:45-19:00   доц. д-р Трајче Нацев – Конзерваторски и реставраторски работи на кулата Донжон, Исар, Штип
19:00-20:30   Дискусија

Неделата (07.12.2014) е предвидена за посета на Музејот на Град Виница и Виничкото Кале.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

2 comments

  1. Ivica

    Може ли негде и некако да се видат излагањата на Археолозите од последниот симпозиум?

    Поздрав.

    1. Игор

      После секој симпозиум друштвото издава зборник со трудовите насловен како ‘Macedoniae acta archaeologica’. Зборниците би требало да ги има во библиотеката на Институтот за Археологија и Историја на уметност при Филозофскиот Факултет во Скопје.

      Поздрав.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>