«

»

Feb 10 2015

Викиншките графити во Аја Софија

Константинопол – ‘Вториот Рим’, градот на Босфорот, градот кој ги поврзува Истокот и Западот, милениумски центар на светот, место каде се собирале, тргувале, работеле, живееле луѓе од сите ‘ќошина’ на Земјата, па и Викинзи од ладната Скандинавија. Миклагард – го викале овој град тие, или ‘Големиот Град’ по ‘нашки’.

konstantinopol - vikinzi

Викинзи пристигнуваат во Константинопол

Како сведоци за нивното битисување во Големиот Град се и двата рунски натписи (подобро речено чкртаници) кои се откриени во познатата Аја Софија (Света Софија) (главната патријаршиска црква на градот и Византиската Империја). Натписите датираат од 9 век, а постојат две претпоставки за ‘чкртачите’: дека биле трговци кој дошле во Константинопол да заработат, или дека биле воени платеници кој дошле во Константинопол да заработат. 🙂

aja sofija

Аја Софија

Првиот натпис е откриен во 1964 година на најгорниот кат од јужната галерија на објектот. Се работи за доста оштетен натпис во кој може да се препознае нордиското име Халфдан. Се претпоставува дека натписот е од типот ‘XX ги врежа овие руни’ – честа појава за рунските натписи од Викиншкиот период.

vikinski grafiti vo aja sofija

Натписот на Халфдан во Аја Софија

Вториот натпис е откриен во 1975 година во западниот дел од истата, јужна галерија и го содржи името Арни – едноставен потпис на човек кој ја посетил Аја Софија пред 12 века.

Постоењето на уште некој напис од Викинг кој решил да ја посети најзначајната градба во тогашниот центар на светот не е исклучен. 🙂

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>