«

»

Oct 16 2014

Викиншко богатство, ‘вампирски’ гроб и антички кралски мозаик…

Викиншко богатство, ‘вампирски’ гроб и антички кралски мозаик – што овие три работи имаат заедничко? Ништо посебно освен тоа што и трите претставуваат значајни археолошки откритија за кои дознавме во изминатава недела, а од кои две се случија во нашето соседство.

Во однос на првиот дел од насловот (викиншкото богатство) се работи за едно од најголемите и највредни откритија на десетици златни и сребрени предмети од викиншката доба на територијата на Шкотска. Имено, меѓу збирката предмети од IX-X век, откриени од страна на археологот-аматер Дерек Мекленан, се наоѓа и сребрен крст, златна тока во форма на птица, како и редок гравиран сребрен сад.

vikinsko bogatsto 1

vikinsko bogatsto 2

vikinsko bogatsto 3

‘Вампирскиот’ гроб беше откриен во Бугарија за време на истражувањата на локалитетот Перперикон. Односно, за време на ископувањето, археолозите наишле на гроб, датиран во првата половина на 13 век, во кој се пронајдени оостатоци од маж на возраст од 40-50 години и во чии гради билa забодена метална прачка, а неговата лева нога, од коленото надолу, била отстранета и поставена странично до него. Ова укажува дека врз остатоците на овој човек биле извршени одредени ретуали кои требало да го спречат неговото ‘повампирување’. Исто така, археолозите наишле на уште едно чудно погребување, односно биле пронајдени остатоци на жена и дете поставени во положба како претставите на Богородица и Исус. Според раководителот на истражувањата Николај Овчаров, ваквото погребување имало за цел заштита од чума.

vampire skeleton bulgaria 1

‘Вампирскиот’ гроб

Третото и најфасцинантно откритие беше тоа на грчките археолози кои открија прекрасен поден мозаик во монументалната гробница во Амфиполис која се датира во последната четвртина на IV век п.н.е. Мозаикот е со димензии 4,5 x 3 метри, а на него е претставен забраден маж кој управува со кочија влечена од два бели коња, а пред кочијата е претставен Хермес – гласникот на боговите.

НАДОПОЛНУВАЊЕ: Дополнителната археолошка работа на мозаикот покажа дека на него е претставено грабнувањето на Персефона, ќерката на Зевс и Деметра, од страна на Хад/Плутон, богот на подземниот свет.

Amfipolis mozaik 1

amfipolis mozaik 2

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>