«

»

Mar 14 2014

Викинзи: Животот и Легендата

Со имиња како Торфин ‘Черепокршачот’ и Ерик ‘Црвената секира’, не е ни чудо што Викинзите имаат страшна и крвава репутација. Но, тие имале и една друга страна, страна на која се среќаваат имиња како Боли ‘Елегантниот’, Бренд ‘Дарежливиот’, Торбјорг ‘Фармерската гордост’ и Кетил ‘Среќниот рибар’, страна која е поразлична од оној холивудски приказ на “пагански насилници и пљачкосувачи”, страна според која може да се заклучи дека тие имале една комплексна култура и уникатен фолклор, развиено опшество (додека Викинзите користеле чешли, тоа било мисловна именка за поголемиот дел од луѓето во Западна Европа 🙂 ) со добро разработени занаети и трговија… страна која е помалку и заборавена од модерниот свет. Поради сето ова, овој Март, Британскиот Музеј ја отвори една од најголемите изложби посветена на “страшните” Викинзи, насловена како “Викинзи: Животот и Легендата”, се’ со цел да го презентира нивниот вистински лик.

Во продолжение следува официјалното промотивно видео за изложбата и неколку слики од неа:

Reconstructed Viking outfits along with metal objects showing the riches enjoyed by the raiders

Реконструирана Викиншка облека и пронајдени метални предмети

A woman looking at a Viking helmet and jawbone found near Weymouth

Викинши шлем и долна вилица пронајдени во близина на градот Вејмут, Англија.

Викиншки накит

The exhibition, which was previously on display in Denmark shows diverse styles of Scandinavian jewellery, including brooches, rings and necklaces

Викиншки накит

Replica of the 'Jelling stone' erected by King Harald Bluetooth in the late 10 century to celebrate his achievement in uniting Denmark and Norway and converting their inhabitants to Christianity

Реплика на камен испишан со рунско (викиншко) писмо, подигнат во градот Јелинг во Данска од страна на кралот Харалд ‘Синиот заб’ во доцниот 10 век, со кој го слави своето достигнување – обединувањето на Данска и Норвешка и конверзијата на нивното население во христијанство.

A reconstruction of a Viking long boat containing an original piece of wood

Реконструкција на викиншки брод кој содржи оргинални парчиња дрво

Викиншки брош пронајден во Шкотска, направен од злато, сребро и килибар.

Worship- A talismanic figure of Odin, king of the gods, accompanied by his two ravens Huginn and Muninn

Фигура на врховниот бог Один, придружуван од страна на неговите два гаврани – Хугин и Мунин.

A Viking hoard from Cuerdale, Lancashire, is displayed at the British Museum in London

Викиншки предмети пронајдени во близина на местото Куердел, Англија.

Coins are displayed during the preview of the Vikings, Life and Legend Exhibition

Items are displayed during the press preview of the 'Vikings, Life and Legend' Exhibition at the British Museum

Seafarers- This Viking brooch in the shape of a ship shows how the Norsemen viewed themselves as a race of travellers who voyaged as far as the Middle East and North America

Викиншки брош во форма на брод.

Some of the exhibits show how the Vikings saw themselves as fighters above all, who sailed across Europe plundering churches and demanding tribute

Swords such as this one, whose blade and hilt are covered in geometric patterns, combine the bloodthirstiness of Viking raids with the fine craftsmanship of Scandinavian metalworking

Викиншки меч декориран со геометриски форми.

Викиншки артефакт од перидот на 10 или 11 век, кога Викинзите ја примиле христијанската вера.

Викиншки артефакт од 10 или 11 век, период кога Викинзите ја примиле христијанската вера.

Целосниот албум со слики можете да го погледнете на следниов линк.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>