«

»

Sep 21 2014

Во Ресен ќе се одржи научна трибина и свечена академија во чест на Цар Самоил

Низ текот на долгата вековна историја на македонскиот народ се појавиле голем број на личности кои со својот лик и дело оставиле траен печат врз колективната свест на Македонците, личности кои го промениле текот на историјата, личности кои предизвикуваат восхит и гордост кај секој Македонец. Таква е и личноста на Самоил  – најзначајниот средновековен македонски владетел кој ја создал најмоќната средновековна македонска држава, а чиј центар бил токму тука – во Преспа.

Car Samoil - 1014-2014 - banner

Оваа 2014 година, кога и се навршуваат илјада години од смртта на Цар Самоил, Преспа која што во своите пазуви ги чува славата и величието на Самоиловата епоха, треба и мора достојно да го одбележи ликот на Царот кој ја вратил моќта и славата на Македонија. Имајќи го ова во предвид,Општина Ресен и Средното Општинско Училиште “Цар Самоил” од Ресен, во соработка со научните работници од Општината, на 24 септември (среда), организираат научна трибина и Свечена Академија посветени на илјадагодишнината од смртта на Цар Самоил.

Научната трибина е закажана за 10 часот, а ќе се одржи во малата сала во зградата на локалната самоуправа во Ресен. На трибината ќе земат учество еминенти научни работници од повеќе градови во државата кои ќе презентираат дел од своите сознанија и истражувања поврзани со Самоиловото Царство и средновековната македонска историја.

Свечената Академија ќе се одржи во Младинскиот Културен Центар – Ресен со почеток во 19:30 часот.

Текстот е превземен од PrespaInfo.com

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>