«

»

Sep 25 2014

Во Ресен се одржа трибина посветена на илјадагодишнината од смртта на Цар Самоил

tribina-za-car-samoil-resen-1

Добро е што после илјада години од смртта на Цар Самоил неговата Преспа се сети на нашиот цар кој своето владеење го започна и го заврши токму во овој прекрасен крај. Досега постоеле многу приказни и истражувања за тоа каде е престолнината на Самоил. Јас тврдам дека тоа беше Преспа. Моите испитувања ги темелам на долгогодишната работа на мојата докторската дисертација, рече на денешната научна трибина по повод „Илјада години од смртта на Цар Самоил“ што се одржа во Ресен, професор д-р Александар Атанасовски.

Проф. Д-р Александар Атанасовски

Проф. Д-р Александар Атанасовски

На трибината учествуваа повеќе истакнати доктори на науки по историја кои ги презентираа своите научни трудови што предизвика внимание на учесниците.

– Преспа има голем број културно историски споменици и археолошки наоди од времето на Самоил. Има наоди во трите држави каде што се простира Преспа. Секако најважен е оној на островот Аил. Покрај тоа во македонскиот и кај албанскиот дел има остатоци од тој период, истакна Игор Ефтимовски, студент на археологија.

Игор Ефтимовски, студент по археологија

Игор Ефтимовски, студент по археологија

Според градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски, ова е само почеток на она што го заслужува како почит Цар Самоил од жителите на Преспа.

М-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен

М-р Ѓоко Стрезовски, Градоначалник на Општина Ресен

– Ние сме негови должници, но верувам дека во иднина ќе ги исправиме грешките што досега се направени кон оваа личност, истакна Стрезовски, изразувајќи верување дека и државата ќе помогне во овој проект.

По повод илјадагодишнината од смртта на Цар Самоил вечерва во Ресен се одржа и свечена академија.

hor-ou-goce-delcev

Училишниот хор на ОУ “Гоце Делчев” – Ресен

Византискиот хор “Свети Ахил Преспански”

Византискиот хор “Свети Ахил Преспански”

Текстот е превземен од PrespaInfo.com

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>