«

»

Sep 14 2014

Втората индустриска револуција и појавата на империјализмот

Гостинска статија на Јулија Митревска.

Со изгревањето на зраците на 19-от век, почнале да наѕираат и мугрите на современото општество. Индустриската револуција, започнувајќи од 1700 година, британското агро-рурално тло го преобразила во синоним за масовно машинско производство коешто ја затресе и промени европската утроба засекогаш. Ја означи машинската ера, којашто малите работни простории ги замени во погони и фабрики, рачните алати во машини, и ја зачести миграција село-град. Но, иако се изобилувало од разновидноста на произведените стоки и далеку подобрениот животен стандард, некои оваа револуција ќе ја паметат како период на мрачни вработувања и едвај сврзувачки крај со крај на сиромашната и работничка класа. (жените и децата биле принудени да работат целодневно за мали плати, а становите во новите индустриски населби биле пренаселени и нехигиенски).

Во втората половина на 19, и почетокот на 20 век, Германија, Русија и САД веќе започнале да ја загрозуваат водечката индустриска положба на Британија. Додека Дајмлер и Бенз ја прекинувале тишината низ градовите, кадешто луѓето се обидувале да се навикнат на бучавата и брзината на новите автомобили со бензиски мотор, браќата Орвил и Вилбур Рајд ги набљудуваа овие нови промени од височините, кадешто гордо го сечеа небото со својот Флаер 1. Едисоновата светилка му рече засекогаш збогум на мракот, а овој поздрав го поддржа и Тесла со својот трансформатор. Односно, накратко кажано, овие големци, срдечно го поздравија почетокот на Втората Индустриска Револуција.

Или, гледано од хронолошки аспект, тоа би изгледало вака:

1856 г. – англискиот инженер Хенри Бесемер ја откри постапката за производство на челик со раздвојување на сирово железо, која станува основа за понатамошен развој на тешката индустрија

1859 г. – во САД е откриен првиот извор на нафта

1867 г. – Алфред Нобел го пронаоѓа динамитот

1869 г. – Димитриј Иванович Менделеев го составува периодниот систем на елементи

1876 г. – Александар Грахам Бел ко конструира првиот употреблив телефон

1876 г. – Хери Xон Ловсон го конструира првиот велосипед

1877 г. – Николаус Аугуст Отто го конструира моторот со внатрешно согорување

1879 г. – Томас Алва Едисон ја направи првата електрична светилка

1882 г. – Роберт Кох го открива предизвикувачот на туберкулозата

1883 г. – појавен првиот мотоцикл

1884 г. – Роберт Кох го открива предизвикувачот на колерата

1885 г. – германците Карл Бенз и Готлиеб Дајмлер го конструираа првиот автомобил со бензиски мотор

1885 г. – Луиз Пастер ја направи вакцината против беснило

1887 г. – Никола Тесла го откри моторот за наизменична струја

1895 г. – на пругата Балтимор – Охио за прв пат е пуштена во употреба првата електрична локомотива

1895 г. – Вилхелм Конрад Рентген ги открива рентгенските и Х-зраците

1896 г. – Рудолф Дизел го открива моторот којшто работи на нафта

1897 г. – Марија и Пјер Кири го откриваат радиумот

1905 г. – Алберт Ајнштајн ја составува теоријата на релативност

Досега кажаното, ја отсликува Европа како совршено и прилично развиено место за живеење, но не за долго. Светот станал стадион на трки за стекнување нови колонии. Оваа втора револуција го закочува економскиот развој на постарите капиталистички држави, паралелно на тоа зголемувајќи ги германските, италијанските и австроунгарските апетити за нови територијални и колонијални проширувања. Со еден збор кажано, овие нови случувања не зачекориле, а да не го одминат капитализмот, којшто веќе започнувал да навлегува во својот највисок стадиум – империјализам.

Но, што всушност претставува империјализмот? Монополски капитализам и стремеж за освојување и асимилирање на други народи. Јаболко на раздор за вавилонската блудница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>