«

»

Jun 11 2015

Започнува овогодинешната истражувачка кампања на Билазора

Вчера започнаа подготвителните активности за почетокот на овогодинешната археолошка истражувачка кампања на локалитетот Билазора, под раководство на професор Д-р Драги Митревски од катедрата за Археологија на Филозофскиот факултет во Скопја, преку Народниот музеј на Свети Николе (директор Александар Арсов). Билазора е дел од капиталените проекти на Владата на Република Македонија во областа на археолошките истражувања.

dragi mitrevski bilazora

Проф. Д-р Драги Митревски, реководител на истражувањата на Билазора

Истовремено, стручниот тим на Археолошкиот музеј на Македонија предводен од М-р Владимир Атанасов во рамките на редовните теренски активности изврши рекогносцирање на дел од земјениот насип исфрлен од неколку сектори во текот на 2010 и 2011 година. Откриени се монети и дел од сребрена белегзија. Сребрен хемиобол на пајонското племе Дерони, сребрена тетрадрахма на пајонскиот крал Авдолеон и бронзена монета на еден македонски крал, Касандар или Филип V.

moneta avdoleon bilazora

Монета на пајонскиот владетел Авдолеон пронајдена на Билазора на 10.06.2015

Според историските извори, македонскиот крал Филип V, во 217 год.пред н.е., го освоил најнаселениот град на кралството Пајонија, градот Билазора. Американскиот истражувач Д-р Бил Нејдингер започна да ископува високо репрезентативни архитектонски објекти во акрополата, што ги интерпретираше во археолошката литература како палата на последните македонски кралеви Филип V и Персеј. На ред е сега проф Д-р Драги Митревски од Филозофскиот факултет во Скопје, кој правилно воочувајки го постарото датирање на објектите во 4. век пред н.е. воочил силен хоризонт на пожар во кој настрадал градот, и тоа најверојатно во нападите на воинствените Келти.

На ред се повеке прашања, меѓу кои, дали и во каков обем продолжил животот во Билазора по нејзиното освојување од страна на кралот Филип V? Одговорите секако ке ги дадат археолошките истражувања.

bilazora tabla

Извор: Управа за заштита на културното наследство

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>