«

»

Mar 06 2015

Започнуваат археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, Националната установа Музеј-Куманово започнува со археолошките истражувања на локалитетот Костоперска карпа или Жеглиговски камен импозантна базалтна карпа од вулканско потекло во околината на Младо Нагоричане.

kostoperska karpa 1

Според досегашните истражувања на локалитетот Костоперска карпа е откриено постоење на повеќеслојна населба со континуиран хронолошки  и културен живот.

Станува збор за локалитет богат со археолошки материјал од енеолитот,  а откриени се и предмети од железно време, особено садови од керамика, накит од злато, сребро, килибар како и  стаклена паста и бронза, соопштија од Министерството за култура.

kostoperska karpa 2

Во минатото тука постоеле  дури 40 цркви поради кои месноста била нарекувана Мала Света Гора., а во подножјето на Карпата се наоѓаат сочуваните средновековни  цркви „Св. Петка“ и „Св. Ѓорѓи Победоносец“, како и повеќе гробови.

Според археолозите на овој простор се наоѓа и ранохристијанска базиликална црква, која се користела за погребување, како и остатоци од средновековни ѕидини. Особено се издвојува подземна просторија која сеуште не е доистражена.

kostoperska karpa 3

Со рализацијата на археолошките истражувања и со  уредување на локалитетот Костоперска карпа, ова место ќе го привлече интересот на посетителите, велат оттаму.

Текстот е превземен од Мкд.мк

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>