«

»

Aug 28 2014

Завршија годинашните подводни истражувања на локалитетот Врбник кај Струга

Со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга деновиве заврши со овогодинешните истражувања на подводниот археолошки локалитет „Врбник“. Цел на овие истражувања беше да се направи контролно сондажно истражување за да се добие покомплетна слика за стратиграфијата и хронологијата на локалитетот. Во слојот кој и припаѓа на железновременската палафитна населба е потврдeно богатството со наоди, повеќе фрагменти од садови, железен врв од копје и друго. Истражувањата ќе продолжат и наредната година со цел да се добијат повеќе информации за животот на оваа населба во праисторискиот период.

lokalitet-Vrbnik-kaj-Struga-2

Со досегашните археолошки активности на овој локалитет констатирана е палафитна населба на поголема површина од околу 100м х 50 м, со над 500 колци, богат движен археолошки материјал со поголем број метални предмети, керамички садови, како и голем број керамички фрагменти од садови, што говори за интензивен живот во оваа населба во железното време.

lokalitet-Vrbnik-kaj-Struga-1

Резултатите од истражувањата, Музејот од Струга јавно ќе ги презентира во септември при што ќе биде промовиран уште еден досега непознат подводен локалитет со идентификувани повеќе пловни објекти од Првата светска војна.

lokalitet-Vrbnik-kaj-Struga-vrv od kopje

Текстот е превземен од Република.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>