«

»

Jul 30 2015

Завршува овогодинешната истражувачка кампања на локалитетот Старо Бонче

Деновиве завршуваат овогодинешните археолошки истражувања на локалитетот Старо Бонче, сектор некропола југ, датирана во 5-4 век пред нашата ера. Археолошкиот тим предводен од проф. д-р Антонио Јакимовски од Институтот за археологија при Филозофскиот факултет во Скопје, откри голем број движни археолошки наоди помеѓу кои вниманието го привлекува златната перла откриена во централниот гроб, изработена во техниката филигран и гранулација.

Откриени се прстени, фибули, украсни игли, статуетка на Хермес, перјаница од бронзена статуетка на воин и други наоди.

Од моментот на првичното осознавање за грандиозноста на овој археолошки комплекс локалитети, за кои се претпоставува дека се работи за античкиот град Пелагонија, археолошките тимови секоја година го проверуваат теренот преку сондирање на различни локации со цел да се уточни протегањето на градот, урбаните простори акрополата и долниот град, некрополата која што е особено голема, соодносот со монументалната кружна гробница на Павла Чука.

Проектот се реализира преку Институтот за археологија на Филозофскиот факултет во Скопје, во соработка со Завод и музеј Прилеп, со логистика на Управата за заштита на културното наследство и  се наоѓа во категоријата капитални проекти на Владата на Република Македонија.

istrazuvanja na staro bonce 2015 3

Истражуваната некропола во комплексот локалитети Старо Бонче

istrazuvanja na staro bonce 2015 1

Раководителот на истражувањата проф. д-р Антонио Јакимовски држи статуетка на Хермес

istrazuvanja na staro bonce 2015 4

Дел од движните наоди од истражувањето

ес

istrazuvanja na staro bonce 2015 2

Откриената златна перла

istrazuvanja na staro bonce 2015 5

Директорот на УЗКН проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс со тимот кој го релизираше истражувањето

Извор: Управа за заштита на културното наследство


Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>