«

»

Dec 24 2014

Златна соба со 447 артефакти во Куќата на Робевци во Охрид

Во куќата на Робевци во Охрид, која е еден од најрепрезентативните примероци на старата градска охридска архитектура, ќе бидат сместени највредните и најблескавите археолошки движни предмети кои прикажуваат различни етапи од развојот на оваа област.

kukjata na robevci ohrid

Се работи за 447 артефакти со непроценлива вредност, златни, сребрени и позлатени предмети од колекцијата на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, кои потекнуваат од 7 век п.н.е. до 19 век, кои на посетителите ќе им овозможат да го видат целиот цивилизацискиот континуитет на овие простори.

Постојаната музејска поставка „Златото на Лихнитида“ денеска ја промовираше министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која истакна дека се работи за исклучително значаен проект за македонската култура, резултат на долгогодишните, интензивни и мошне посветени археолошки и научни истражувања на богатството на локалитетите во охридскиот регион.

– Оваа музејска поставка претставува приказ на времето на големиот процут на античкиот Охрид, време во кое Лихнид ковал автономни монети со познатиот македонски штит. Во поставката се поместени неверојатно вредни артефакти, ексклузивни наоди, како златната маска и ракавица од локалитетот Горна Порта, златната ромбоидна плочка, златниот колан со потекло од архајскиот период, потоа златната белегзија со животински протоми од 4 век пред нашата ера, златните обетки гулабици од 3-2 век пред нашата ера од Требенишкото кале, повеќе златни обетки со лавовски и негроидни глави, златни ѓердани со полудраги камења, вреден нумизматички материјал од времето на Александар Трети Македонски и многу други артефакти кои се дел од македонската археолошка ризница – рече Канческа-Милевска.

Сите експонати кои се дел од „Златната одаја“ се презентирани и стручно обработени во репрезентативен каталог, насловен „Златото на Лихнитида“, кој денеска го промовираше академик Вера Битракова-Грозданова.

Текстот е превземен од Нова Македонија.

Автор: Игор Ефтимовски

Игор Ефтимовски е студент по Археологија на Филозофскиот Факултет во Скопје, ученик на генерацијата 2010-2014 при СОУ "Цар Самоил" - Ресен, двократен државен првак по историја за средните училишта во Република Македонија (2012 и 2013), учесник на научните трибини: "Брсјачка буна, Брсјачко востание, Демирхисарски заговор", "1000 години од смртта на Цар Самоил"; како и автор на изложбата "Македонија и Преспа во делата на странските картографи - од II до XIX век".

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>