«

»

Apr 09 2014

Жртвеник стар седум милениуми во музејот во Прилеп

Текстот е објавен во дневниот весник Дневник на ден 07.04.2014.

Единствен уникатен наод во Европа ја краси атрактивната археолошка поставка на музејот во Прилеп. Станува збор за најстариот земјен систем на жртвеници конзервиран пред триесетина години.

zrtvenik prilep

Според директорката Гордана Данилоска-Спироска, тоа е артефакт во уникатна форма со димензии 2 на 4 метри, кој е стар седум илјади години.

– Артефактот е откриен на локалитетот Врбјанска Чука, кај село Славеј во 1979 година и е пренесен и конзервиран во Музејот. Специфично е што е систем. Ваков систем е редок и досега не е откриен на Стариот континент. Освојувањето на жртвеникот, направен од земја, и одвојувањето се вешт и стручен конзерваторски потфат, кој не е повторен во земјава. По толку години пак е потребна реконзервација, за што веќе е подготвен проект. Очекуваме идната година наодот да блесне во нова светлина – вели Данилоска-Спиркоска.

Според неа, жртвеникот служел за обреди:

– Не е направено научно толкување, но претпоставка е дека се принесувало голема жртва во големиот жртвеник, а помалите во системот на жртвеници. Бидејќи биле пагани, верувале во многу богови. Па системот претставува принесување жртви за повикување на боговите на дождот, на плодност, односно различни божества, кои им луѓето од тоа време им биле важни поради земјоделството, дали ќе уловат или не. Жртвувањето се изведувало така што свештеникот доаѓал со целото племе каде што се принесувале жртвите.

Zrtvenikot-najstar-objekt-vПреуредувањето на археолошката поставка на музејот пред неколку години го актуализира овој вреден експонат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>